Лавров: има сили кои се заинтересирани да го саботираат прекинот на огнот во Украина

Ситуацијата во Украина, каде веќе една недела дејствува прекинот на огнот, може повторно да се влоши и да се рестартира военото сценарио. Тоа го посакуваат, пред сѐ, силите кои не го слушаат и не се потчинети на Киев, смета шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров.

„Денес, според нас и според оценката на набљудувачите на ОБСЕ; примирјето функционира, иако постојат одредени нарушувања“, изјави Лавров.

„Намерно не зборувам оптимистично, бидејќи постојат луѓе кои би сакале да го саботираат тој процес и да ја вратат претходната ситуација“, изјави министерот.

„Тоа се, пред сѐ, одреди формирани од олигарсите, и тие не се потчинуваат на Киев“, смета Лавров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња