Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе смета дека е неопходно да се започнат преговори за потпишување договор за слободна трговија меѓу Царинската унија и Европската унија.
За време на трилатералните консултации меѓу РФ, Украина и ЕУ, кои се одржаа во Брисел во петокот, страните се договорија да ја пролонгираат имплементацијата на договорот за асоцијација во делот на функционирањето на зоната за слободна трговија до 31 декември 2015 година.
„Дојде време политичарите на Европската унија не само да предлагаат фрагменти од мозаикот, како што тоа беше предложено во Брисел – туку да ја претстават целата слика. Веруваме и знаеме дека тоа не треба да се ограничува на нас или на нашите денешни партнери“, изјави Филе.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче