Санкциите ќе им наштетат на односите на РФ со САД и ЕУ, нема да ја разрешат ситуацијата во Украина, смета политикологот Џозеф Дрезен, соработник во Институтот Кенан.
„Новите американски и европски санкции, како и неизбежниот одговор на Русија, уште повеќе ќе им наштетат на политичките и економските односи меѓу нашите држави, но, според мене, ќе влијаат минимално врз ситуацијата во Украина“, изјави Дрезен за РИА „Новости“.
„Санкциите против Русија нема да ѝ помогнат на украинската влада да ги порази сепаратистичките сили. И иако санкциите вршат некој притисок врз Русија, други политички и стратешки решенија би имале поголем удел во определувањето на понатамошните дејства на Москва“, изјави експертот.
Тој уточни дека САД и ЕУ вовеле санкции и покрај примирјето во Украина, обвинувајќи ја Русија и понатаму за вмешување во ситуацијата во Украина. Москва категорично ги негира обвинувањата, изјавувајќи дека руска војска во Украина нема, и дека Русија не е страна учесник во внатрешноукраинскиот конфликт.
Тој смета дека заемните санкции ќе влијаат, пред сѐ на економијата на Русија. „Но во исто време, руската влада и народ се поподготвени да ги истрпат тие тешкотии и да се спротивстават на странскиот притисок“, изјави Дрезен.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче