Економист: санкциите нема да ја променат позицијата на Москва околу Украина

Новите санкции против Русија од страна на САД и Европската унија не можат да ја натераат Москва кардинално да ја промени својата позиција околу прашањето за регулирањето на ситуацијата во Украина, изјави за РИА „Новости“ директорот на проектот за меѓународна безбедност, комерција и економија во универзитетот на градот Олбани, Брајан Јорли.

„Бидејќи руските претприемачи го предвидоа воведувањето нов циклус санкции, или, се прилагодиле делумно на претходните, не сметам дека новите ограничувања ќе извршат влијание на позицијата на Русија за украинското прашање“, изјави експертот, одговарајќи на прашањето на кореспондентот на РИА „Новости“ за можните последици од донесените мерки во петокот.

„Научните истражувања постојано докажуваат дека постепената ескалација на економските санкции е помалку ефективна отколку наглото воведување на силен пакет ограничувања, кои можат да извршат шок врз економијата на една или друга држава“, изјави соговорникот за РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња