Противвоздиушните ракетни системи С-400 во иднина ќе ја состават основата на ракетните чети на Војската за воздушно-космичка одбрана, а до 2020 година се планираат дванаесет полка С-400 и 72 борбени машини „Панцир-С“, изјави за новинарите генерал-мајор Андреј Демин.
„До 2020 година се планира купување на 12 полка од ЗРК С-400 и 72 единици ‘Панцир-С’. Во рамките на замената на старите С-300П, ќе стапи во вооружувањето и ракетниот систем со среден радиус, ‘Витез’“, изјави Демин.
Според него, во моментов Армијата има три полка опремени до С-400, а останатите се опремени со С-300.
Во 2008 година започна најголемата реформа за вооружување на Армијата на Руската Федерација после распадот на СССР. Оттогаш суштествено е намален бројот на бројници, со тоа што е зголемен бројот на војници кои служат по договор. Значително се зголемени платите на офицерите и се решаваат нивните станбени проблеми. Засега уделот на новото оружје во Армијата е 16%, а до 2020 година треба да изнесува 70%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче