Универзитетите во Русија воведуваат забрана за носење религиозна облека

Забрана за носење национална и религиозна облека, вклучувајќи и капи – е воведена од оваа учебна година од страна на Рускиот национален медицински институт „Н.И. Пирогов“. Наредбата за воведување на новиот кодекс за облекување се појави на интернет-страницата на универзитетот.

„Со цел да се зачува универзитетската етика, како и да се создаде унифицирана стратегија за барањата во однос на изгледот на студентите, не се дозволува облека која укажува на припадноста на една или друга националност или религија, вклучувајќи ги и капите“, се кажува во наредбата.

Исто така, ректоратот на институцијата забранува и појавување на студентите во облека „која може да ги повреди политичките и религиозни чувства на околните лица“. Препорачливо, според пораката на институцијата, е да се носат „панталони, кошули, џемпери, вратоврски, костуми“, а за девојките „фустан или здолниште кои не се пократки од 10 сантиметри над колената, како и панталони“.

Оваа наредба не е прв обид дел од институциите за високо образование да ги изнесат од своите простории религиозните елементи во облекувањето. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња