САД воведоа санкции против Сбербанк и ќе ги прошират веќе постоечките мерки против другите руски банки, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на извор кој е запознат со ситуацијата.
Во новиот список на компании кои се најдоа под санкции се најдоа: „Гаспром“, „Лукоил“, „Транснефт“, „Сургутнефтгас“, „Ростех“ и други.
Претходно пристапот кон американскиот капитал беше ограничен за четири руски финансиски институции: ВТБ, Гаспромбанк, Росселхозбанк, Внешекономбанк, како и нивните „ќерки“, вклучувајќи ја и Банката на Москва.
Соговорникот на агенцијата потврди дека за наведените банки ќе биде ограничен временскиот рок за заеми до 30 дена, како што тоа го направи Европската унија.
Европската унија во четвртокот објави дека ги засилува економските санкции против Русија поради ситуацијата во Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче