Властите на САД и Канада ги откажаа заедничките воени вежби со Русија кои требаше да се одржат оваа есен на крајбрежјето на Алјаска, пишува весникот Fairbanks Daily News, повикувајќи се на претставник на командата на НОРАД.
Вежбите на воено-воздушните сили Vigilant Eagle се одржуваат во регионот од 2007 година во август или септември.
Претставникот на НОРАД, поручникот Чарлс Марш изјави дека во 2014 година вежбите нема да се одржат поради ситуацијата во Украина. Според неговите зборови, решението е донесено од страна на раководството на Пентагон и премиерот на Канада, Стивен Харпер.
Киевските власти во април започнаа на истокот на Украина воена акција против незадоволните жители од регионот како резултат на февруарскиот државен преврат. Според последните информации на ООН, повеќе од 2,7 илјади цивили загинале како резултат на борбите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче