Руските научници научија како да создаваат рекордно тврди материјали

Специјалистите од неколку руски научни центри најдоа начин да создадат полимерни материјали кои имаат цврстина која е значајно поголема отколку кај дијамантите. Резултатите од работата, објавени во списанието Carbon, можат да станат основа за појава на нов правец во изучувањето на материјалите.

Истражувачите од Технолошкиот институти за супертврди и нови јаглеродни материјали во Троицк, во соработка со МГУ создадоа нов метод за синтеза на ултратрди јаглеродни материјали. Од практична гледна точка, оваа тврда форма на јаглерод е интересна, пред сѐ, за специјалистите за обработка на метали и други материјали.

Фулеритите се состојат од фулерени С60 – молекул на јаглерод во вид на сфери, создаден од 60 атоми. Овие сфери во составот на фулеритот можат да бидат „спакувани“ на различен начин, од што зависи и цврстината на материјалот.

Сепак, засега нема методи кои ќе дозволат овој перспективен материјал да биде произведуван на индустриско ниво, бидејќи се бара многу силен притисок, минимум 130.000 атмосфери. Ова во моментов ниту една современа машина не може да го создаде. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња