Новиот пакет антируски санкции на Европската унија се одмазда за лошата надворешна политика на Европската унија, како и за грешките на Унијата во Украина, изјави заменикот на официјалниот претставник на МНР на Русија, Марија Захарова.
Во пораката објавена на Facebook, Захарова забележува дека новиот пакет санкции не е ниту политичка саботажа, ниту глупост, ниту заблуда.
„Тие (санкциите), веројатно се одмазда. Одмазда за цела редица сопствени грешки. Одмазда за пропаста на проектот ‘Надворешна политика на Европската унија’“, изјави Захарова.
Притоа, таа забележа дека санкциите се донесени во услови кога завојуваните страни објавиле прекин на огнот и започнал реален процес на мирно регулирање на конфликтот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче