Крим и Севастопољ ќе бидат целосно независни од електричната енергија на Укриана во 2017 година, извести за РИА „Новости“ губернаторот на Севастопољ, Сергеј Менјаило.
Сега Крим и Севастопољ увезуваат повеќе од 50% од електричната енергија од соседна Украина. После приклучувањето на Крим кон Русија се појавија повеќе дефекти со испораката на електрична енергија. Освен тоа, според податоците на Менјаиило, неодамна Украина повторно го предупреди Крим за можното исклучување на Крим од енергетската мрежа.
„Истовремено се работи на два проекта за изградба на две ТЕЦ на Крим, едната со моќност од 800 мегавати, а другата – 500 мегавати. Проектот треба да заврши за 3 години, со што ќе се обезбедат сите потреби од електрична енергија за Крим и Севастопољ“, изјави Менјаило.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче