Меѓународниот џез-фестивал Koktebel Jazz Party, организиран од МИА „Русија денес“ со поддршка на министерството за култура на Руската Федерација, ќе стане првиот голем културен меѓународен проект на Крим.
Фестивалот треба да се одржи од 12 до 15 септември. За време на одржувањето во него ќе земат учество не само музички колективи од различни региони во Русија – се очекуваат гости од Бразил, САД, Израел, Велика Британија, Индија, Ерменија, Германија, Белгија и Холандија.
Koktebel Jazz Party ќе биде организиран како првата голема културна меѓународна случка на Крим. Фестивалот ќе се одржи на неколку сцени, каде публиката ќе може да се наслади од квалитетната музика, како и да се запознае со трендовите на современиот џез и да слушне класици од светот на џезот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче