Киев го предупреди Крим дека ќе ја исклучи електричната енергија за полуостровот

Украина го предупреди Крим за можното исклучување на електричната енергија наменета за полуостровот, изјави во интервју за РИА „Новости“ губернаторот на Севастопољ, Сергеј Менјаило.

Украина го предупреди Крим за можното исклучување на електричната енергија наменета за полуостровот, изјави во интервју за РИА „Новости“ губернаторот на Севастопољ, Сергеј Менјаило.

„Севастопољ добива електрична енергија од Крим, а Крим од Украина. Пред пет дена имавме прекин на електричната енергија, беше пресечена една линија, т.е. тие нѐ тестираа. Сега дојде од нив известување дека може да ја исклучат електричната енергија, поради, наводно, ремонт на мрежата“, изјави Менјаило.

Сега Крим и Севастопољ увезуваат повеќе од 50% од електричната енергија од соседна Украина. После приклучувањето на Крим кон Русија се појавија повеќе дефекти со испораката на електрична енергија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња