Гаспром се натпреварува за изградба на гасоводот Мексико-Гватемала

„Гаспром“ е еден од претендентите за изградба на гасовод меѓу Мексико и Гватемала, заедно со компании од САД, Шпанија и Кина, изјави во четвртокот гватемалскиот министер за економија, Серхио де ла Торе.

Како што пренесува агенцијата EFE, наскоро треба да се одржи средба на де ла Торе со претставници од „Гаспром“, кој покажа интерес за учество во овој проект. Станува збор за изградба на гасовод до должина од 600 километри и вредност од околу 800 милиони долари.

Датумот на почеток на изградбата не е наведен, но се спомнува дека неговата експлоатација се планира да започне во 2016 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.