Француски сенатор: санкциите против Русија можат да ја влошат ситуацијата во Украина

Воведувањето нови санкции од Европа против Русија е голема грешка која може да доведе до дестабилизација на прекинот на огнот во Украина, изјави за РИА „Новости“ вицепретседателот на комисијата на Сенатот во Франција за меѓународни работи, одбрана, Ив Поцо ди Борго.

„Европа прави голема грешка. Жално е тоа што Европа, наместо да се труди да игра како консолидирачки блок, станува дестабилизирачки елемент во кризата“, изјави за РИА „Новости“ ди Борго, кој учествува на средба со руските парламентарци.

„Како и многу мои колеги, сметам дека санкциите на Европската унија треба да бидат одложени. За жал, денес тие беа проширени. Тоа е многу негативна вест за помирувањето во Украина. Тоа ќе доведе до повторен почеток на борбите во земјата. Како член на Парламентарното собрание на ОБСЕ и Советот на Европа, но и како француски парламентарец – жалам што француската дипломатија не изврши доволно влијание за да го спречи сево ова“, изјави ди Борго. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.