ЕУ ја повикува Русија да го врати Естон Кохвер во Естонија

Европската унија смета дека задржувањето на соработникот на естонската полиција за безбедност (КАПО) Естон Кохвер од страна на руските специјални служби е „киднапирање“, и бара веднаш да се ослободи и врати во својата татковина, се кажува во изјавата на официјалниот претставник на шефот на дипломатијата на ЕУ, Кетрин Ештон.

„Ние сме вознемирени од киднапирањето на соработникот на естонската полиција, Естон Кохвер од страна на руските специјални служби на територијата на Естонија недалеку од естонско-руската граница. Ваквите дејства на Руската Федерација се противат со меѓународното право и принципите на неповредливост на границите“, се кажува во изјавата.

Претставникот на Ештон смета дека делегација на ЕУ во Москва „се наоѓа во контакт со руските власти и бара брзо разрешување на ова прашање“.

„Повикуваме веднаш да се ослободи господинот Кохвер и безбедно да се врати во Естонија“, изјави претставник на дипломатската служба на ЕУ.

Центарот за односи со јавноста при Федералната служба за безбедност на Русија изјави дека на 5 септември Кохвер бил задржан на територијата на Псковската област. Тој во себе имал специјална техника за тајно снимање, пиштол „Таурус“ и 5.000 евра. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња