Економист: санкциите на ЕУ нема да ѝ наштетат на Русија доколку бидат укинати за неколку месеци

Негативните последици за економијата на Русија од новите санкции на ЕУ ќе бидат незабележливи во среднорочна перспектива, доколку наскоро истите бидат укинати, а со тоа ќе се избегнат подолгорочните последици, смета главниот економист на „Уралсиб Капитал“, Алексеј Девјатов.

Европската унија на 12 септември воведе нов пакет санкции против Русија, односно против неколку руски компании, на кои им се скрати правото на пристап на европскиот пазар на капитал.

„Во следните неколку месеци не треба да се очекуваат последици (за економијата на Русија). Ќе се надеваме дека овие неколку месеци ситуацијата ќе се измени во позитивна страна. Ако се укинат санкциите, нема да има никаква штета од нив“, смета Девјатов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња