Рускиот гасен сектор не се најде под санкциите на ЕУ поради степенот од кој е зависна Европската унија од испораките на гас од Русија, изјави постојаниот претставник на Русија во Европската унија, Владимир Чижов.
Шефот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј потврди дека стапи во сила во петокот. Како што се пренесува, новите ограничувања го зголемуваат обемот на секторските санкции и го ограничуваат достапот кон пазарот на капитал, одбранбената сфера, стоките за двојна употреба и чувствителните технологии.
„Степенот на зависност на ЕУ од гасниот сектор е поголем отколку од нафтениот сектор. Сепак, нафтата, за разлика од гасот, се продава и купува на светскиот пазар слободно, а алтернативи на рускиот гас сега и во блиска иднина нема“, изјави дипломатот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче