Латинска Американ никогаш нема да воведе санкции против Русија и меѓу државите ќе се води прекрасен политички дијалог. Единствено што треба да се направи – е поактивно да се развива економската соработка, смета амбасадорот на Република Куба во Русија, Емилио Лосада Гарсија.
Во петокот се обзнани дека Европската унија во рамките на новиот бран санкции го ограничи пристапот до пазарот на капитал на ЕУ за дел од руските компании. Освен тоа, ЕУ внесе уште 24 имиња во списокот санкции. Во него се најдоа лидерите на ДНР, како и руски чиновници и пратеници. Вкупниот број индивидуални санкции, на тој начин, достигна 119.
„Убеден сум дека Латинска Америка никогаш нема да воведе санкции против Русија, бидејќи имаме многу блиски односи и добри перспективи за соработка“, изјави амбасадорот во Нижни Новгород.
„Создадени се сите услови односите меѓу нашите држави да имаат стратешки карактер и да бидат долгорочни“, забележа дипломатот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче