Трговијата меѓу Русија и Германија во 2014 година може да се намали за 15%. Ова мислење го изнесе шефот на Руско-германската надворешнотрговска комора, Михаел Хармс, а пренесува РИА „Новости“.
„Годинава планираме пад на обемот на трговија за 15%, односно до 65 милијарди евра“, изјави Хармс.
Според неговите зборови, тешко е денес да се направи прогноза за динамиката на трговијата во третиот и четвртиот кварта од тековната година. Хармс забележа дека обемот на трговија меѓу двете држави паѓа од 2012 година, кога беше забележан рекорд од 80 милијарди евра.
„За жал, доста силно се промени парадигмата во нашата соработка. Ако во почетокот на годината зборувавме за партнерство и модернизација со Русија, денес зборуваме за санкции. Би сакал да подвлечам дека од гледна точка на германскиот бизнис Русија и понатаму останува стратешки економски партнер за Германија“, изјави Хармс.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче