Буџетот на Руската Федерација во периодот од јануари до август годинава покажа суфицит од 2% од БДП. Ова го изјави министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов, а пренесува кореспондент на „Газета.ру“.
„Според состојбата на буџетот на 1 септември, суфицитот на буџетот на Руската Федерација изнесува 2% од БДП“, изјави тој.
Според неговите зборови, суфицит во буџетите имаат сите региони во државата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.