Помошникот на претседателот на Русија, Андреј Белоусов изјави дека вториот пакет на санкции од Русија, кои треба да бидат одговор на санкциите од Западот – е подготвен, пренесува РИА „Новости“.
Вториот пакет санкции предвидува ограничување на увозот на автомобили и некои производи од лесната индустрија.
„Имаме редица производи од кои Европа зависи повеќе отколку Русија. Тоа се однесува, на пример, на увозот на автомобили, некои стоки од лесната индустрија кои ние можеме да ги произведуваме, како на пример, облеката“, изјави Белоусов.
Тој забележа дека Министерството за економски развој на Русија веќе го подготвил списокот на производите кои ќе се најдат во вториот пакет санкции од Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче