Речиси сите жители на Крим добија руски пасоши

Руски пасоши се издадени на 98% од жителите на Крим, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на Петар Јарош, началник на регионалната управа на Федералната служба за миграција на Русија.

Руски пасоши се издадени на 98% од жителите на Крим, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на Петар Јарош, началник на регионалната управа на Федералната служба за миграција на Русија.

„Практично ова прашање е решено. Веќе 98% од жителите на Крим имаат руски пасоши“, изјави Јарош.

Според зборовите на Јарош, останатите 2% од жителите кои немаат пасош, истиот не го добиле поради тоа што не поднеле барање до органите на ФМС.

„Се надевам дека до крајот на годината и тие 2% ќе добијат пасоши“, подвлече Јарош. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња