Русија и Кина ја разгледуваат варијантата за создавање на систем за трансакции меѓу банките, аналоген на меѓународниот систем SWIFT, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на изјава на првиот вицепремиер на Русија, Игор Шувалов.
„Да, оваа идеја беше разгледувана и е поддржана“, изјави тој.
Според неговите зборови, конкретни дејства за создавање на аналог на SWIFT не се направени. Исто така, се разгледува можноста за создавање на заедничка руско-кинеска агенција за рејтинг.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче