Нуклеарната ракетна подморница „Владимир Мономах“, која се наоѓа во водите на Белото море, изврши лансирање на балистичка ракета „Булава“ на Камчатка, соопшти Игор Конашенков, официјален претставник на Министерството за одбрана на Русија, а пренесува РИА „Новости“.
„Ракетата е лансирана подводно во рамките на програмата за државно тестирање на системот за вооружување и системот за одржување на живот во нуклеарната ракетна подморница „Владимир Мономах“. Параметрите на летот се во рамките на предвидените норми, а боевите делови успешно долетале на полигонот Кура на Камчатка“, изјави Конашенков.
„Во подморницата за време на пукањето се наоѓале членовите на комисијата за државно тестирање на подморницата. Оценето е дека командирот и екипажот на подморницата за време на ракетното гаѓање дејствувале професионално“, истакна Конашенков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче