На средба во московската влада, премиерот на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека соединувањето на Русија со Крим е засекогаш - тоа треба да го разберат сите политичари во сите држави, пренесува кореспондент на „Газета.ру“.
Тој забележа дека доаѓањето на мирот во Украина е залог за развој на Русија и дека „нашата држава треба да направи сѐ што зависи од неа за да се оствари тоа“.
Медведев смета дека „нестабилниот мир“ во Украина треба да биде продолжен.
„Тоа не е наш конфликт, но ние сме обврзани да направиме сѐ што е можно за да се врати мирот во Украина“, додаде тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.