Претседателот на владата на Украина, Арсениј Јацењук смета дека неговата земја има двајца непријатели: Русија и корупцијата, пренесува РИА „Новости“.
„Имаме два агресора: првиот е надворешен - Русија, а вториот внатрешен - корупцијата“. изјави украинскиот премиер на проширената седница на кабинетот на министри на Украина.
Јацењук претходно изјави дека Украина мора да примени нова одбранбена доктрина во која Русија ќе се третира како земја-агресор.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче