САД планираат да воведат санкции против Русија во финансискиот, енергетскиот и одбранбениот сектор во економијата. Ова го пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на Мари Харф, претставник на Стејт департментот на САД.
„САД веќе ги усогласуваат мерките за продлабочување и проширување на санкциите против финансикиот, енергетскиот и одбранбениот сектор на Русија“, забележа Харф.
Освен тоа, претставникот на Стејт департментот подвлече дека Вашингтон соработува по ова прашање со Европската унија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.