Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека неговата држава ќе испорача воена помош на Мали заради борба со тероризмот. Воената помош вклучува авиони и хеликоптери.
„Што се однесува до неполитичката форма на поддршка на Мали во борбата со тероризмот, ние веќе дадовме воено-техничка помош по барање на раководството на Мали – лесно вооружување, муниција, а сега се подготвува испорака на оружје кое е потребно на армијата на Мали“, ги пренесува РИА „Новости“ зборовите на Лавров.
Според неговите зборови, „тоа се хеликоптери, авиони и други борбени системи“.
Шефот на МНР на Русија забележа дека руската страна веќе соработува со Мали во областа на подготовка на офицери за армијата на Мали, како и полицајци во установите за високо образование на МВР во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.