Властите на главниот град на Русија планираат до 2018 година во целост да ја покријат територијата на Москва со Wi-Fi мрежа. Во моментов течат преговорите со телекомуникациските оператори за извршување на соодветниот проект, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на Артјом Ермолаев, претставник во одделот за информациски технологии.
„Станува збор за реализирање на проект под името City Wi-Fi, во чии рамки ќе ги обединиме напорите на градот и операторите и да им се дозволи на жителите на Москва во целост да ја искористат оваа услуга како алтернатива“, изјави тој.
Според неговото мислење, максималната побарувачка на – Wi-Fi во Москва ќе биде забележан во 2018 година, кога во Русија ќе се одржи светското фудбалско првенство. „Сите ќе сакаат да гледаат видео-пренос онлајн, на пример, од мобилните телефони. Тоа бара трансфер на податоци со големи брзини“, појасни тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче