САД ја повикуваат Русија целосно да ги повлече своите трупи од руско-грузиската граница. Тоа се наведува во изјавата на министерот за одбрана на САД, Чак Хејгел изнесена на конференцијата за новинарите во Тблиси.
„САД и понатаму ја повикуваат Русија во целост да ги повлече своите трупи од руско-грузиската граница, а ние ја поздравуваме воздржаноста која Грузија ја покажува за ова прашање. Делувањето на Русија овде и во Украина претставува долгорочен проблем, кон кој САД и нашите сојузници се однесуваат сериозно“, се кажува во соопштението.
Хејгел, исто така, додаде дека продлабочувањето на врските меѓу НАТО и Грузија посебно е важно поради опасните и неговорните чекори на претседателот Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче