Русија и Кина во октомври планираат да потпишат проект за производство на патнички авион со голем радиус на лет. Ова го изјави вицепремиерот на Русија, Дмитриј Рогозин, а пренесува РИА „Новости“.
„Во октомври ќе го потпишеме техничкиот проект со кинеските колеги за производство на патнички авион со голем радиус на лет. Пазарот во Кина е доста голем, што ова производство ќе го направи рентабилно“, изјави Рогозин на состанокот со премиерот на Русија, Дмитриј Медведев.
Освен тоа, Русија за 100% ќе го зголеми производството на Sukhoi Superjet 100 од 2015 година, од 25 н 50 авиони годишно.
Во моментов се произведуваат по 25 авион од овој вид во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.