Треба да се погледне како ќе се развива геополитичката состојба, но бојкотот на Светското првенство во 2018 година во Русија, за кое сега се зборува, нема никому да донесе корист, изјави претседателот на ФИФА, Јозеф Блатер, а пренесува порталот vz.ru.
„Бојкотот во спортот никогаш никому не долен корист. Да почекаме да видиме како ќе се развива геополитичката ситуација. Ние и понатаму соработуваме со Русија. Пред три недели бев во Русија и редовно добивам извештаи за тоа што се случува таму“, изјави Блатер.
Според зборовите на официјалниот претставник на владата на Германија, Штефан Зајберт, бидејќи следното Светско првенство ќе се одржи за четири години, можноста за употреба на бојкот на Светското првенство во фудбал како мерка за притисок врз Москва „во ниту еден момент не треба да се дискутира“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче