Медведев: економијата на Русија годинава ќе порасне за 0,5%

Економијата на Русија се наоѓа под влијание не само на надворешните шокови, туку и на структурните придвижувања. Во оваа година нејзиниот раст ќе изнесува 0,5%. Ова во интервју за „Ведомости“ го изјави премиерот на Русија, Дмитриј Медведев.

Економијата на Русија се наоѓа под влијание не само на надворешни шокови, туку и на структурни придвижувања. Во текот на оваа година нејзиниот раст ќе изнесува 0,5%. Ова во интервју за „Ведомости“ го изјави премиерот на Русија, Дмитриј Медведев.

„Ние претходно планиравме повисоко темпо на раст, додека сега планираме економијата годинава да порасне за 0,5%, можеби и повеќе, а во следната – околу 1%“, изјави премиерот.

Според неговите зборови, овој показател е мал, но сега светот се наоѓа во релативно сложена состојба. „Прогнозата за раст на светскиот БДП е околу 3%. Прогнозата за раст на европската економија е поправена до околу 0,9%, а американската економија ќе порасне за околу 2%“, појасни Медведев, додавајќи дека не треба да се тврди дека ситуацијата во другите држави значително се разликува од руската, „освен во некои брзорастечки економии како Кина“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња