Западните медиуми го нарекоа прекинот на огнот во Украина„чиста политичка победа на рускиот претседател Владимир Путин“.
„Прекинот на огнот во Украина е победа на Путин“, пишува американскиот весник USA Today во една од своите аналитички статии. Весникот ги пренесува зборовите на Тоби Гати, поранешниот советник на претседателот Бил Клинтон: „Путин јасно даде до знаење дека во тој дел на светот ниту САД ниту НАТО не можат да присуствуваат, а основните правила на игра таму ќе ги определи Русија“.
Практично исто име носи и статијата во германскиот весник Tagesspiegel: „Владимир Путин победи“. Според мислењето на авторот, Русија го заштитила населението кое зборува руски на југоистокот во Украина, а Западот треба после ова да извлече сериозни лекции.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче