Акција во знак на поддршка за испораката на „Мистралите“ во Русија беше одржана на бродоградилиштето во градот Сен Назер, неколку метри од местото каде е укотвен првиот брод, „Владивосток“. Во акцијата учествуваа активистите на проектот „Мистрал – ќе победиме!“ и членовите на синдикатот, пренесува РИА „Новости“. Со нив на истото бродоградилиште својата акција ја спроведоа и противниците на испораката на „Мистралите“ во Русија.
Претходно се појави информација дека француската влада се откажала од планираната испорака на првиот од двата „Мистрала“ во Русија. Претседателот на Франција, Франсоа Оланд покасно изјави дека договорот за испорака на „МИстралите“ во Русија не е раскинат, туку е суспендиран. Според неговите зборови, одлуката за предавање на првиот носач на хеликоптери од оваа класа ќе биде донесена кон крајот на октомври.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче