Медведев повика да се зајакне енергетската безбедност на Русија

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев им го честиташе на работниците во нафтената и гасната индустрија професионалниот празник кој секоја година се одбележува во првата недела од септември.

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев им го честиташе на работниците во нафтената и гасната индустрија професионалниот празник кој секоја година се одбележува во првата недела од септември. Во таа прилика, тој истакна дека во условите на сложена меѓународна ситуација неопходно е да се зајакне енергетската безбедност на Русија. Неговата изјава е објавена во соопштение на интернет-страницата на Владата.

„Денес, во услови на сложена меѓународна ситуација, важно е да се задржат водечките позиции на нашата нафтена и гасна индустрија на светскиот пазар“, се кажува во соопштението.

За да се постигне тоа неопходно е, според зборовите на премиерот, да се продолжи со реализацијата на перспективните проекти насочени кон зголемување на енергетската безбедност на Русија, воведување иновативни технологии за истражување на наоѓалиштата во склад со најсовремените еколошки норми, како и поактивна индустријализација на новите наоѓалишта на фосилно гориво. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња