За Летонија претседателот на Руската Федерација е најдобар претседател. Ова го изјави градоначалникот на Рига, Нил Ушаков, одговарајќи на прашањето на водителот што мисли за претседателот на Русија, пренесува РИА „Новости“.
„За Летонија претседателот Владимир Путин е најдобар руски претседател досега“, изјави Ушаков. „Политичарите кои можат да дојдат на местото на претседателот на Русија после Владимир Путин, за Летонија нема да биде најдобра опција“.
Според зборовите на Нил Ушаков, сите претседатели кои би можеле да дојдат на власт после Путин „нема да донесат стабилност во соседните земји“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче