Заменикот министер за индустрија и трговија на Русија, Виктор Евтухов изјави дека Русија и Виетнам се договориле за испорака на руските авиони Sukhoi Superjet на две виетнамски авиокомпании, пренесува „Интерфакс“. Договорот беше потпишан во рамките на 17-то заседание на меѓувладината комисија Русија – Виетнам.
„Се договоривме за испорака на главниот претставник на руската компанија на две виетнамски компании: ‘Виетнамски авиолинии’ и ‘Ветџет’“, изјави Евтухов.
Бројот на авиони и роковите за испорака на авионите не се наведени.
Претходно беше соопштено дека Русија се договори со Лаос и Индонезија за испорака на дополнителни партии авиони Sukhoi Superjet.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче