Претседателот на Украина, Петро Порошенко изјави дека Русија може да го „заземе“ не само Киев, туку и било кој друг европски град доколку светот не се обедини солидарно со Украина, пренесува „Газета.ру“.
„Армијата на Русија брои 1,2 милиони. По таа логика, како што Русија може да го ‘заземе Киев’, може да ја заземе и Варшава, Вилнува, Рига, Букурешт и било кој друг град доколку светот не се обедини солидарно со Украина. Ако не ја измениме состојбата, тоа и ќе се случи и немам никакви сомнежи за тоа“, изјави Порошенко.
Исто така, тој забележа дека членките на НАТО први ѝ предложиле на Украина прецизно оружје за да се создаде европски систем за безбедност во Украина, бидејќи „тоа не е само војна на Украина“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче