Бегалците масовно се враќаат во Украина. Поради тоа, на граничниот пункт Донецк-Изварино се создаде сообраќајна гужва.
„На граничниот пункт Донецк-Изварино има огромна гужва. Луѓето масовно се враќаат дома!“, објавено е на Твитер на Донецката народна република.
Претходно беше соопштено дека бројот на луѓето кои ги напуштиле своите домови од почетокот на вооружениот судир во Украина надмина 1 милион.
Враќањето на бегалците е иницирано од преговорите меѓу Украина, ДНР, ЛНР, ОБСЕ и Русија. Резултатот на овие преговори е договор за прекин на огнот во Украина од 5-ти септември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче