Шефот на украинската корпорација „Мотор Сич“, Вјачеслав Богуслаев изјави дека Украина сѐ уште нема воведено забрана за извоз во Русија на продуктите за двојна намена. Претходно објавените ограничувања се однесуваа единствено за потребите на Министерството за одбрана на Русија, пренесува РИА „Новости“.
„Никакви забрани од страна на Украина за испорака на мотори за двојна намена кон Русија или во трети држави не постои“, изјави Богуслаев.
Исто така, тој забележа дека е благодарен на претседателот на Украина за тоа што „во неговиот указ е забележува дека се забранува извоз на производите наменети за Министерството за одбрана на Русија. Во нашето претпријатие 90% од производите не се испорачуваат во руското МО“, појасни Богуслаев.
Во јуни претседателот на Украина, Петро Порошенко воведе забрана на украинските компании за извоз на воено-технички производи наменети за Министерството за одбрана на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче