Невработеноста на Крим падна од 2% во март 2014, на 1,3% во август, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на директорот на кримскиот фонд за задолжително социјално осигурување во случај на невработеност, Сергеј Бродовски.
„Од март 2014 следиме позитивна динамика. Бројот на луѓе кои се наоѓаат на списоците во Бирото денес изнесува 1,3%, односно нешто повеќе од 15.000 лица“, изјави Бродовски.
Според зборовите на чиновникот, секој невработен жител на Крим може да стане бизнисмен ако претстави соодветен бизнис план. За секој претприемач-почетник од буџетот се изделуваат по 58,8 илјади рубљи (околу 1.200 евра). Истата сума ја добива за секое отворено работно место во претпријатието.
Вкупно во Русија невработени се 839.478 лица. Во последниот месец невработеноста во Русија падна за 2,3%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче