Мировниот план за регулирање на украинската криза, предложен од претседателот на Русија, Владимир Путин, му дава шанса на Западот да ги одложи новите санкции, пишува The New York Times. Според мислењето на весникот, овој проект ги „разбранувал дипломатските води“.
Претходно беше соопштено дека планот на Путин се состои од седум точки, меѓу кои се наоѓа и прекин на огнот од страна на украинската армија и припадниците на народната одбрана, меѓународна контрола врз мировниот процес, како и реконструкција на инфраструктурата на Донбас.
Како што забележува весникот, предлозите на рускиот претседател се појавија на фонот на обидите од Барак Обама и другите западни лидери да го задржат вниманието на „улогата на Кремљ“ во украинската криза и на дискриминацијата кон Москва. Освен тоа, весникот смета дека планот на Путин предизвикува повеќе создава отколку што дава одговори.
Весникот, исто така, дава мислење дека Русија и Западот играат „глобална партија шах“ за судбината на Украина и ги цитира аналитичарите, според кои, постигнувањето на некаков „реален договор“ за излез од кризата е уште далеку.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче