Русија се надева на поддршка на планот на Путин во ОБСЕ

Постојаниот претставник на Русија во ОБСЕ, Андреј Келин изјави дека на заседанието на постојаниот совет на ОБСЕ позитивно било реагирано на предлогот на претседателот на Русија, Владимир Путин за стабилизација и прекин на огнот на југоистокот на Украина, пренесува РИА „Новости“.

„Ние подвлековме дека тоа може да биде пресвртница во украинската криза и ги повикуваме сите да дадат поддршка на тој план. Најважно е таа поддршка да биде едногласна, најважно од САД, бидејќи таа држава се нема искажано во полза на прекинот на огнот. Се надеваме дека американската страна ќе ја поткрепи желбата на киевските власти да се прекинат борбените дејства“, изјави Келин.

Според неговите зборови, позитивна реакција веќе е добиена од делегацијата од Швајцарија, Турција и Канада. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња