Русија ја засилува крајбрежната одбрана на Крим

Министерството за одбрана на Русија ја засилува крајбрежната одбрана на Црноморската флота на Крим, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на извештај од Јужниот воен округ.

Министерството за одбрана на Русија ја засилува крајбрежната одбрана на Црноморската флота на Крим, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на извештај од Јужниот воен округ.

Во ноември крајбрежната одбрана ќе биде засилена со шумски баталјон.

„Во моментов баталјонот поминува борбена обука, која треба да заврши со тактички вежби кон крајот на октомври. После завршувањето на подготовките, баталјонот ќе замине на Крим, каде ќе ги дополни бригадите на крајбрежната одбрана на Црноморската флота“, кажано е на прес-конференцијата на Јужниот воен округ.

Претходно заменикот секретар на СБ, Михаил Попов, изјави дека Москва ќе ја смета агресијата врз Крим како агресија против руската држава. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња