Расмусен: Крим никогаш нема да биде признат за руска територија

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен изјави дека приклучувањето на Крим кон територијата на Русија е нелегално и никогаш нема да биде признато. Ова Расмусен го изјави на прес-конференција во Велс.

„Русија треба да ги прекине агресивните дејства против Украина. Приклучувањето на Крим не го признаваме и нема да го признаеме, бидејќи тоа претставува заземање на територија со сила“, изјави Расмусен.

Претходно Расмусен ја повика Москва да ги повлече своите војски од Украина и да престане со помошта за припадниците на народната одбрана. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња