Церемонијата на испраќање со фотографот на МИА „Русија денес“, Андреј Стенин започна во Меѓународниот мултимедијален прес-центар на агенцијата.
Роднините на новинарот и неговите колеги носат цвеќиња на ковчегот кој се наоѓа на сцената на Големата сала во прес-центарот. Во салата се наоѓа затворен ковчег околу кој стојат венци, а на мониторите се прикажуваат неговите фотографии од сите места каде што Стенин работел, пренесува РИА „Новости“.
Погребот на загинатиот новинар ќе биде одржан денес во Москва на Троекуровските гробишта, недалеку од новинарите Игор Корнелук, Антон Волошин и Анатолиј Кљан, кои, како и Стенин, беа убиени во Украина.
Претходно беше објавено дека Стенин е посмртно награден со орденот на Храброста.
Врската со Андреј Стенин се изгуби на 5 август.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче