Западни медиуми: САД и Европа не можат да најдат одговор за „дрската Русија“

Американските и европските чиновници не можат да најдат заеднички одговор за дејствата на „дрската Русија“, пишува The New York Times. Како што забележува весникот, Вашингтон и Брисел продолжуваат да бараат нови мерки кои ќе извршат поголем ефект врз Москва од претходните, но кои нема да нанесат штета на економиите на САД и Европа.

Изданието исто така пишува за „фрустрацијата“ на Западот поради неуспешните обиди за „смирување“ на Москва, и ги пренесува зборовите на претседателот на Русија за „заземање на Киев за два дена“. Претходно беше соопштено дека помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков изјавил дека зборовите на Путин се извадени од контекст.

Весникот забележува дека НАТО планира создавање на нови сили за брзо реагирање заради заштита на источните граници, но очигледно е дека Вашингтон и Брисел не се однесуваат кон Украина како кон член на НАТО.

Освен тоа, весникот пренесува дека и покрај негативниот однос кон дејствата на Москва, малку е веројатно дека Европа ќе се реши да ја продолжи конфронтацијата со Русија доколку тоа не го направат САД. Лидерите на европските држави, чии економии зависат од руските енергенси, не сакаат продлабочување на конфликтот, забележува весникот. Не е исклучено дека тие веќе се стремат за излез од ситуацијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња