Во Краснодарскиот крај падна МиГ-31

Во Краснодарскиот крај во Русија падна авион МиГ-31, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на официјалниот претставник од Министерството за одбрана, Игор Конашенков.

Во Краснодарскиот крај во Русија падна авион МиГ-31, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на официјалниот претставник од Министерството за одбрана, Игор Конашенков.

Авионот падна на 25 километри оддалеченост од Армавир.

„На 4 септември во 7:38 часот по московско време на 25 километри од Армавир, за време на извршување вежба, падна МиГ-31“, изјави тој.

Според неговите зборови, животот на пилотите не е во опасност. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња